НАТО мора да се подготви за долга конфронтација со Русија, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин не покажува желба за мир една година по инвазијата на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Мораме да бидеме подготвени на долг рок, тоа би можело да потрае многу, многу години“, изјави Столтенберг.
Тој додаде дека Путин „сака поинаква Европа, Европа во која ќе може да ги контролира своите соседи, каде што ќе може да одлучи што можат да прават земјите“.