НОВ ВИРУС ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ! СЗО е вкочанета поради овој вирус со 90% смртност, има смртни случаи, а над 4000 луѓе се во карантин
Вирусот е откриен во 1967 година во лабораторија на фармацевтска компанија во германскиот град Марбург, Хесен, па оттука и неговото име
Светската здравствена организација извести дека во Екваторијална Гвинеја се регистрирани случаи на зараза со исклучително опасниот вирус Марбург од семејството ебола. Имаше смртни случаи, повеќе од 4.000 луѓе веќе се ставени во карантин.
Овој вирус предизвикува највисока стапка на смртност – скоро 90% од заразените со Марбуршка хеморагична треска што ја предизвикува умираат. Вирусот е откриен во 1967 година во лабораторија на фармацевтска компанија во германскиот град Марбург, во провинцијата Хесен, па оттука и неговото име.
Патогенот пристигнал од Уганда со заболени тест мајмуни. Оттогаш, 12 епидемии на вирусот се откриени ширум светот, најново во Гана во 2021 година.
Марбург се пренесува на луѓето со овошни лилјаци, обично кога некое лице долго време живеело во рудници или пештери населени со летечки цицачи. Се шири меѓу луѓето преку директен контакт со заразени телесни течности, површини и материјали (облека, чаршафи).
Се јавува со исклучително висока температура, крвава водена дијареа, гадење и повраќање, силна главоболка, осип, воспаление на очите. Пациентите умираат меѓу осум и девет дена по појавувањето на првиот симптом. Сè уште нема вакцини или лекови против вирусот.