Даравелски барал помилување од Бранко Црвенковски

t

Телевизијата Телма објави дека поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски многу порано знаел за пресудата, иако судиите го ослободија и поверуваа дека дознал за неа по апсењето на Табановце во јануари и ја поништија неговата прва пресуда за финансиски злоупотреби, со што му овозможија ново судење и застарување на постапката.

Според информации на Телма, за правосилната 7-годишна затворска казна Даравелски барал помилување уште во мај 2009

година, помалку од една година по настапување на правосилноста на пресудата.

Барањето за аболиција било поднесено од него до тогашниот претседател Бранко Црвенковски, потврдија за телевизијата од Кабинетот на претседателот:

„Во евиденцијата на Кабинетот има примено барање за помилување од Драган Даравелски и одговор од 4. мај 2009 година“.

Барањето било експресно одбиено од Кабинетот на Црвенковски, односно воопшто не ни било расправано за истото.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа