Маж и’ договарал клиенти и локации на 20-годишна битолчанка за проституција

t

Приведен е 37-годишен битолчанец со иницијали Д.О. поради посредување во вршење проституција.

Според информациите од полицијата, мажот во период од две години се’ до минатата недела, на 20-годишна девојка од Битола и’ договарал клиенти и локации во градот за одреден паричен надомест.

Повремено, како што велат од МВР, и тој присуствувал на местото каде девојката имала сексуални односи за пари.

По преземени мерки и активности, тој бил приведен и му е поднесена пријавата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа