Поштовани соросоиди што лажно се претставувате под фирма на славниот Хелсиншки комитет кој одамна не постои. Согласно своите стандарди и вредности за лажно претставување на работите и стигматизација на ваши неистомисленици, видено стотици пати досега, и сега сте во истиот фазон.

Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава а замисли се уште не е под ваша контрола, коментира новинарот Драган Павловиќ Латас на објавата на Хелсиншки комитет на обвинувањата за злоставување на девојка.

Латас потенцира дека кој сака тоа може да го види на самото видео.

– Кој не сака, а бланко верува на овој самонаречен Хрлсиншкикомотет земал доброволно ризик да заврши со испран мозок, како со нивната шарена револуција која ја предводеа. Да ве потсетам, ова се тие кои поттикнуваат промена на пол, откажување од личен и национален идентитет, бришење на татко и мајка со именување родител еден и два…, вели Латас.

Ако некој силува во Македонија тоа се ваквите комитети, нашмркани притоа или мамурни, не ги оправдува, стои во коментарот на Латас.