Два силни земјотреси вечерва ја потресоа една од најтешко погодените турски провинции. 

 

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди пограничниот регион меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот сеизмолошки центар, цитиран од Ројтерс.

 

Епицентарот е во провинцијата Хатај – еден од најтешко погодените во претходните земјотреси. Сведоците велат дека слушнале како се уриваат згради.

Според турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот бил со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала во 20:04 часот по локално време.

 

Според локалните медиуми, три минути подоцна, нов земјотрес со јачина од 5,8 степени е регистриран во градот Самандаг. Длабочината на последователниот потрес е забележана на 7 километри под земјината кора.

Според информациите, некои згради во градот се урнале.

Земјотресот е почувствуван на Кипар, Либан, Израел и Сирија.

Репортерот Бусе Девирен, кој го почувствува земјотресот и ги пренесуваше овие моменти во живо на CNN Türk, рече дека печките во шаторите паднале за време на земјотресот. „Луѓето дури излегоа од своите шатори. Се плашеа да не паднат дрвја“, рече Девирен.

„Земјата ни се лизна од под нозете. Бевме внатре во градот шатор. Се тресевме до неверување. Луѓето имаа запалено шпорети на многу места. Децата беа многу исплашени. Тоа беше неверојатно голем земјотрес. Тоа не беше земјотрес како последователен потрес“, рече репортерот.