Татко ми кога го млателе и помодрувале во нивниот затвор, Б’лгарчета се шегувале. Вујко ми кога го млателе и скапувал во затвор, тоа било шега, а чичко ми кога го касапеле и кога му сечеле дел по дел, на Страцин, само месец дена пред да прејдат во „антифашисти“ – тоа било од љубов кон Македонците!
Административен бугарски потфат. Веројатно се спремале за попис. Е, море Zoran Zaev… Ова не е говор на омраза – ова е говор на разочараност од глупоста на политичари кои со години се на чело на државава – Им се по*равте врз коските, не само на моите, туку и на сите останати југословенски (читај: и македонски) комунисти-партизани (преку 6,000) кои ти ја донесоа можноста да збориш на свој јазик: Раде Јовчевски-Корчагин, Доне Божинов, Невена Георгиева-Дуња, Боро Менков, Киро Бурназовски, Христијан Тодоровски-Карпуш, Бајрам Шабани, Магдалена Антова, Димче Еребица, Наце Ивановски Буѓони, Боро Прцан, Среќко Пужаљка, Миливој Бошковски Кипра, Апостол Зордумис Толи, Тоде Мендол, Мирче Ацев, Борка Талески, Цветан Димов, Благој Мучето, Кузман Јосифовски Питу, Вера Јоциќ, Елпида Караманди, Вера Трајковска Которка, Стив Наумов… Се по*ра врз коските на сите мртви, мачени и касапени, и врз сите живи кои подоцна умреа во слобода, но се бореа токму ти да ги исплукаш! Срам да ти е! (на сликата: пренос на коските на партизаните убиени кај Страцин само еден месец пред бугарските фашисти да станат антифашисти)