И МЕРКЕЛ НАСЕДНА НА РУСКИТЕ шегобијци КОИ ПОЛОВИНА ЧАС СЕ ЗАФРКАВАА СО ЗАЕВ: Успеаја да ја фатат на телефон, се претставија како Порошенко

РУСКИ шегобијци ЈА ВИКНАА АНГЕЛА МЕРКЕЛ: Успеаја да ја фатат на телефон, се претставија како Порошенко и ЈА ИЗГЛЕДАА

Руските шегобијци Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус) успеале телефонски да стапат во контакт со Ангела Меркел, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко, за да разговараат за настаните во Украина и Белорусија, соопшти денеска кабинетот на Меркел.

 

Во соопштението се наведува дека поранешната германска канцеларка на 12 јануари добила повик од некој кој се претставил како Порошенко, а во разговорот помогнал и германско-украински преведувач од јазичната служба на германското Министерство за надворешни работи.

Дуото шегобијци, познати по шегањето со многу познати личности и политичари, на својот профил на Телеграм објавија делови од видеото од разговорот на кој се слуша како Меркел го кажува она што постојано го повторува „дека критикуваниот мировен договор од Минск купи драгоцено време за Украина“. Таа, исто така, ја критикуваше репресијата во автократска Белорусија.

 

Меркел, како што се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет, последователно го информирала министерството за „впечатокот што го стекнала за јавувачот за време на повикот“, но не е прецизирано каков впечаток.

Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд постигнаа мировен договор со Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин во 2015 година.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа