МАЈКАТА НА ЈУТУБЕРОТ ЛАЗАРОВ КОЈА ОБАВУВАШЕ ПАРТИСКА ФОНКЦИЈА ВО СДСМ ЈАВНО ГИ ИСКИНА КНИШКИТЕ

Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој се најде во центарот на скандалот со Драган Павловиќ-Латас кој во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“, ја искина партиската книшка од СДСМ.

 

Ова следува откако Форумот на жени на СДСМ јавно ги осуди Лазаров и Латас и го повика Јавното обвинителство да покрене постапка.

 

Мајката на Лазаров на Фејсбук објави дека СДСМ „претерале “ и мислеле дека од позиција на моќ можат се.

 

За да објавиш вакво нешто само заради тоа зашто не ви се допаѓа гостинот (н.з. Латас), а притоа да етикетираш млад човек за насилство врз жени е многу, ама многу примитивно. Жалам за моите сопартијци, со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ. Јас сепак сакам демократија, напиша Лазарова како реакција на барањето на Форумот на жени на СДСМ.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа