ВМРО-Народна партија ја поздравува реакцијата на нашето последно соопштение од проф. д-р Александар Симоновски од Институтот за национална историја.
Очигледно тој е еден од многу ретките македонски историчари кои во нашата Македонија покажал интерес да го проучува четничкиот Вардарски корпус кој дејствувал во текот на Вторат светска војна но за жал од неговата реакција дознаваме де факто како функционира длабоката држава во Северна Македонија.
Тој ни кажува дека од 2011 година се обидува да добие државно финансирање за дополнително да ги проучи и истражи овие процеси во архивите на Србија и Бугарија и дека сеуште не му е одобрено такво финансирање.
Но професорот ни соопштува нешто уште пострашно, дека тој знае за документи кои постојат во нашата држава кои се однесуваат на четничкиот Вардарски корпус и дека тие документи некој не му ги дава и не му ги прави достапни за неговото научно истражување.
Затоа ВМРО-Народна партија јавно прашува со кои закони и со која борба за демократизација на нашата држава сеуште се чуваат затворени архиви од пред 75 години?
Треба ли Северна Македонија некој со меѓународна пресија да ја условува за да ги отвори сопствените архиви и да видиме што се случувало во текот на Втората светска војна.
А уште позагрижувачки е моментот поради фактот што кон крајот на 1944 година македонските четници масовно преминуваат во народноослободителната војска и како такви без никаков проблем после 1945 година продолжуваат на истакнати функции да ја водат Македонија во рамките на комунистичка Југославија.
Се надеваме дека оваа тема докажаните македонски патриоти ќе имаат потреба да ја коментираат и да направат напори да се расветли.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?