„Беса транс“, „Ласкарци“, модуларната нека чекаат, Артан Груби е важен за мирен сон на Ковачевски!

Нема разрешница ниту за „Тендерашко“. Нема реална разрешница ниту за пасошкиот скандал „Двојник“. Ниту обидот за аванта од набавка за вакцини нема случај. За марихуаната на Заеви, за Ден Дончев, или за скандалот со продажбата на имотот на ШИК Јелак во Тетово! И, секако, и во овие три години никој од ДУИ не е загрозен од правдата. Напротив.

Викендот го минав во очекување дека СДС во налет на хипокризијата ќе пушти спот на социјални мрежи за третата годишнина од маршот „Чекориме за правда“. Очекував да потсети СДС дека на 17 февруари 2020 година од позиција на власт организираше протест на којшто бараше правда. Три години подоцна Македонија се дави во криминал, корупција, неказнивост и доверба во правосудниот систем од само три проценти, ако во меѓувреме и тоа не е преполовено. Навистина очекував такво видео, сметајќи на бесрамноста, пропагандата и хипокризијата на СДС, особено сега кога го брани Артан од Груби влегувајќи во партиската пресметка во ДУИ. Можеби токму поради напорот за одбрана на Груби заборавија на својот протест?

Маршираа тогаш Љупчо Николовски, Мухамед Зекири, Горан Мисовски, Јован Митровски, Снежана Калевска Ванчева, Соња Мираковска, ама фалеа челниците од ДУИ. Па Мираковска порача дека „Правдата е храброст, чесни луѓе, ефикасност, но правдата пред сè е систем“, Џабир Дерала дека судството има слобода, но и обврска да постапува професионално“, а главната порака од СДС беше дека народот „од кој земаме плата, очекува правда; Вие граѓаните со право сте незадоволни од правдата“ (Зоран Заев).

Текстот во целост на Плус Инфо

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа