Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека нема начин руските трупи да ја завршат војната во Украина без победа, бидејќи тоа би значело дека Русија ќе престане да постои.

 

„Ако Русија ја заврши својата специјална воена операција без да постигне победа, тогаш Русија ќе престане да постои, таа ќе се распадне“, напиша Медведев на својот профил на Телеграм.

 

Тој додаде дека ако САД престанат да му доставуваат оружје на режимот во Киев, војната ќе заврши.

 

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација не пропушти да го критикува американскиот претседател Џо Бајден, обвинувајќи го дека зборува со „омраза“ и „сенилно лудило“.

 

Кој е овој чуден дедо кој зборува од Полска? Зошто разговарате со граѓаните на друга земја кога веќе имате доволно проблеми дома?, праша Медведев.