Се скараа Џафери и Мицевски: Не сме кај тебе дома!

На денешната седница во Собранието изби вербална расправа помеѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој истакна дека кога ќе побара процедурално обраќање кон пратениците, првиот човек на Собранието е должен да му го дозволи тоа.

„Оди си на место. Јас не сум нервозен, оди си на место, кога ќе ти дојде време ќе се обратиш“, му рече Џафери, а Мицевски врати:

„Не сме кај тебе дома претседателе Џафери. Кога координатор на пратеничка група кога ќе побара процедурално обраќање, претседателот на Собранието е должен да го дозволи тоа. Сигурно сега нема да се расправаме за оваа работа тука“, истакна Мицевски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа