Министер од Пакистан е обвинет дека водел приватен затвор во неговиот дом, откако во бунар во близина на неговиот дом биле пронајдени распарчените тела на три лица.
Сардар Абдул Рехман Кетран, министер за комуникации и работи на Белуџистан ги отфрли обвинувањата и рече дека тие се дел од заговор против него.
На 20 февруари, полицијата пронашла распарчени тела на жена и нејзините два сина во вреќи во бунар во близина на куќата на министерот, објавија локалните медиуми.
Жртвите се идентификувани како Гиран Наз (40) и нејзините синови Мохамад Наваз (22) и Абдул Кадир (15).
Стотици луѓе протестираа против министерот во средата, пишува Индипендент.
Според локалните медиуми, жртвите биле идентификувани како сопругата и синовите на Кан Мухамед Мари, кој тврди дека министерот го држел неговото семејство во заробеништво во приватен затвор речиси четири години.
„Ова се телата на мојата сопруга и синовите кои беа чувани во приватна ќелија во последните четири години“, рече тој.
Тој тврдеше дека неговите пет други деца, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка, сè уште гнеа во приватниот затвор на министерот.
Министерот за внатрешни работи нареди „безбедно враќање“ на киднапираното семејство.