„РАК Е УЖАСОТ КОЈ СПИЕ ВО СИТЕ“: Познат холивудски лекар открива какви аларми ни испраќа телото НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО ИГНОРИРАМЕ
Стив Џобс ги послушал и советите за лекување на рак на најпознатиот доктор во Холивуд, што му овозможило да живее седум години и покрај најагресивниот облик на рак што го имал.
Најпочитуваниот лекар меѓу познатите личности во Холивуд, Дејвид Агс, стекна почит и слава со лекувањето на познатиот Стив Џобс , една од водечките фигури во компјутерската и забавната индустрија. Имено, со помош на неговите насоки и совети, основачот на „Епл“ живеел седум години иако имал ретка и тешка форма на рак на панкреасот.
Го запознал Џобс една година откако му била дијагностицирана болеста.
– Го запознав околу една година откако му беше дијагностициран рак на панкреасот. Само што имаше релапс на оваа болест. Јас се залагам за агресивен и иновативен пристап кон лекувањето на ракот . Верувам во модерни начини на лекување и исцелување како целина. Мислам дека тоа го импресионираше Стив – вели докторот.
Дејвид првично му рекол да јаде риба, иако Џобс бил вегетаријанец.
– Стив е вегетаријанец, но за време на третманот јадеше риба по мој совет. Секогаш велам дека е подобро да се користат масти. Мастите мора да се јадат, но добрите, незаситените“.
Со легендарниот претприемач можеше отворено да зборува за се.
– Беше неверојатно паметен и ја разбираше медицинската терминологија. Можев да разговарам со него за неговата состојба без ништо да поедноставам .
Која е главната непријатност кај ракот според експертот Дејвид Агс?
– Главната непријатност на Ракот е самата природа: тој е самоуништувачки, во смисла дека ги збунува нашите сопствени клетки. Ракот е ужас што спие во секој од нас. Понекогаш накратко се буди, исфрлајќи група чудни клетки наречени тумори, но во повеќето случаи повторно паѓа во хибернација под влијание на цел арсенал генијални методи на влијание. Но, понекогаш кога најмалку очекуваме, ѕверот ја пробива одбраната на целото тело, што доведува до нарушување на клетката, до функционирање на таа клетка и до раст на малигното ткиво – рече докторот и додаде:
– Не знаеме што предизвикува рак и зошто се развива тумор , но постои нејасна претпоставка дека ракот е поврзан со систематски проблем – комплексно нарушување на функцијата на нашето тело кое не мора да се третира хируршки. Превенцијата е важна. Направете цел постојано да се проучувате себеси и да правите белешки. Слушајте го вашето тело и запомнете дека најдобро се познавате себеси. Лекарот нема да влезе во вашата глава или да ги открие вашите знаци. Никогаш слепо не верувајте на лекар. Не оставајте ја вашата медицинска евиденција на лекарот. Побарајте копии и чувајте ги кај вас.