ЧЕНТО И ВО МАКЕДОНИЈА И ВО БУГАРИЈА БИЛ ЗАТВОРАН, ЗАТОА ШТО КАКО МАКЕДОНЕЦ БИЛ ЗА САМОСТОЈНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!

ЧЕНТО И ВО МАКЕДОНИЈА И ВО БУГАРИЈА БИЛ ЗАТВОРАН, ЗАТОА ШТО КАКО МАКЕДОНЕЦ БИЛ ЗА САМОСТОЈНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!
Слушаме денес бугарски теории дека, Методија Андонов – Ченто “сигурно бил бугарин штом бил затворан во Југославија од комунистите!”
На овие гласноговорници може само да им порачаме: На сликата е Методија Андонов Ченто во бугарскиот затворски логор Чучулигово, Петричко, во 1942 година, казнет од бугарскиот фашистички окупатор, затоа што активно бил против бугаризирање на македонското општество! Како видна еснафска личност во Прилеп, бил поканет да соработува со бугарската власт, тој одбил, но се активирал во отпорот против бугарската окупација во Македонија!
Методија Андонов Ченто е Македонец кој се борел за обединета и самостојна Македонија! Методија Андонов Ченто не се борел ниту за Србија ниту за Бугарија, туку за Македонија – слободна и обединета!
Во 1940 и 1941 година е затворен од Кралска Југославија заради организирање демонстрации за воведување мајчин македонски јазик во училиштата во Македонија!
Во пост-воена Југославија, како прв претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто влегол во судир со централистичките власти во Белград, поради желбата за обединување на Македонија и барањето поголема независност на републиките во тогашна Федерална Југославија.
Во 1946-та година Методија Андонов Ченто беше осуден за сепаратизам на 11 години затвор, од кои одлежа 9, по што, по кусо боледување, почина од рак на 54 години. Не му дозволија да се лекува во странство, му го отфрлија баањето…
За неполни 10 години, за желбата обединета и самостојна Македонија, Методија Андонов Ченто е осудуван со казна затвор од три различни држави: Кралска Југославија односно Србија во 1940 година, фашистичка Бугарија во 1942 година и социјалистичка Југославија во 1946 година.
Методија Андонов Ченто беше активен борец за македонските права и слободи против сите овие три држави од 1935-та година до неговата смрт во 1957-ма година.
Вечна му слава и лесна му света земја македонска на Методија Андонов Ченто, син македонски, пример за македонскиот отпор и македонската желба за слободна и обединета Македонија!
Нека Господ Бог му подари мир во Царството небесно каде што почиваат душите на праведниците. Вечна му памјат! Амин!
#Пишува Жан ДУКОВСКИ
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа