Лионел Меси и бразилската легенда Роналдо, познат како Феномен, се договориле да се сретнат во Париз и евентуално да се напијат кафе. Двајцата зборуваа на церемонијата во Париз за годишните награди на ФИФА, каде Аргентинецот беше прогласен од Светската централа за најдобар фудбалер во 2022 година. Средбата меѓу двете легенди ја сними DAZN. 

 

“Честитки за Светското првенство. Колку е кул, нели? Видов како уживаш и се забавуваш. Беше неверојатно, бев многу среќен”, му се обрати Роналдо на Меси, пред бразилската легенда да добие бакнежи од сопругата на Лео, Антонела Рокузо. .

Конечно Роналдо му предложил на Меси да се сретнат на кафе.

„Ќе останам во Париз цела следната недела, а можеме да се напиеме кафе“, му се обрати на Меси со насмевка.