Не престануваат шовинистичките испади на бугарските јавни личности, а во редот на таквите вчера се запиша и новинарот Љубчо Нешков.
Нешков изјави дека одлуката за одложување на случајот против напаѓачот на Христијан Пендиков не го изненадила, бидејќи се работи за институционална омраза кон Бугарија и државна идеологија. Сите бугарски медиуми пропуштија да кажат дека токму поради недоаѓањето на Пендиков на рочиште истото беше одложено.
– „Благодарение на Бугарија, оваа земја постои. Благодарение на неа е формирана“, вели новинарот.
„Замислете што се случи во последните 70-80 години. Во моментов го тепавме Пендиков, а пред тоа имавме луѓе убиени и мачени, возејќи колци од овој режим. Бугарија се соочува со странски геополитички проект, кој систематски работи против нас со децении“, рече Нешков.