ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ, УКРАИНА ЈА ПОМОГНА МАКЕДОНИЈА СО ОРУЖЈЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ УЧК ВО 2021

ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ, УКРАИНА ЈА ПОМОГНА МАКЕДОНИЈА СО ОРУЖЈЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ УЧК ВО 2021
Кога во 2001 год., Западот одбива воено да и помогне на Р. Македонија во борбата против албанската УЧК, Украина е главен македонски снабдувач на воено оружје и опрема.
Р. Украина ја признава Р. Македонија во 1993 год.. а развојот на пријателските односи меѓу двете држави е економската соработка, воглавно увоз на репроматеријали за производство на ладно-валаните лимови во Скопската Железарница.
Р. Македонија, бара поддршка од Р. Украина во време на воениот конфликт и во 2001 год., купува украинска воена опрема и воена техника согласно потребите на АРМ за судирите со терористичките групи, коишто навлегуваат на македонска територија од протекторат Косово и Р. Албанија,
Со банкарска гаранција од европска банка Р. Македонија набавува од Украина хеликоптери Ми-24, Ми-8 и Ми-16, како и борбени авиони (Су-25). Договорно е и осовременување на тенковите Т-55, набавен е ракетен одбранбен систем “Град”, како и повеќе видови лесно-пешадиско оружје и опрема.
Според Амбасадата на Р. Македонија во Киев Собранието на Украина не одобрило дел од сумата за купување на воената опрема да биде компензирана со македонски земјоделски и други производи за украинскиот пазар. Оценето е дека украинското Собрание се раководело од геостратешките интереси на големите сили. (с.с Историско Дипломатска белешка)
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа