ГРУУЈО ТВРДИ ДЕКА ТРАМП ЈА КОРИСТИ НЕГОВАТА ИДЕЈА? СКОПЈЕ 2014 ЌЕ ГО ПРАВЕЛ ВО АМЕРИКА?

Во вчерашното обраќање Доналд Трамп кој повторно во републиканската партија се кандидира за нејзин кандидат за следините претседателски избори во САД кажа дека освен што ќе менува имиња на улици и булевари поставувајќи имиња на големите американски патриоти, планира и промена на фасадите на зградите, дека ќе се ослободат од лошите и грди згради, и дека ќе се вратат, или со други зборови ќе ги заменат со величествениот КЛАСИЧЕН СТИЛ на западната цивилизација.
Тоа е истата идеја како проектот “Скопје 2014” со тоа што спомениците на сите патриоти и значајни историски личности во Вашингтон, Њујорк и другите градови се веќе оддамна поставени.
Исто така имавме и промена на улиците и булеварите, иако подоцна следниот градоначалник ги врати по старо.
Градењето нови згради во историски класични стилови во поново време, време кое не е ера на класичниот архитектонски стил не е нешто ново во САД. Кога протоколот во една прилика ме однесе да го разгледам музејот на архивот а во една друга прилика националниот уметничка галерија во Вашингтон (од фотографии на интернет можете да видите дека како стил наликуваат на нашиот археолошки музеј или објектот на државната ревизија на пример), град кој нема историја поврзана со класичната архитектура, поставив прашање на кустосите кои ме пречекаа зошто во 20 век се граделе објекти чии стил не е модерен и во духот на тоа време, туку класичен.
Одговорот беше мирен, сталожен, без негативна енергија, напротив со позитивна, краток, и на двете места беше идентичен: “затоа што нашите водачи беа инспирирани од класичната архитектура”.
Во исто време во Скопје беше врвот на хистеријата на мал дел од граѓаните кои беа толку гласни што на моменти наликуваа како да се мнозинство, наспроти убедливото тивко мнозинство кое се согласуваше со сето тоа и ја повторуваше нашата подршка на изборите и кои жестоко се противеа на новите класични градби и променети фасади и тие беа на еден или друг начин подржани од многу странски фактори во чии држави исто така повремено се поттикнува клсичниот стил на градба дури и во ова време.
Како и да е, по оваа изјава се чини дека е на пат ослободувањето од “лошите и грди згради” и враќањето на “величествениот класичен стил” или со наш вокабулар замената на фасадите со нови фасади со некои од класичните односно историски стилови, како нов тренд во САД.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа