Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги обвини САД за „намерно“ зголемување на тензиите со организирање заеднички воздушни вежби со Јужна Кореја, објави денеска официјалната севернокорејска новинска агенција KCTA, цитирана од АФП и БТА.

„И покрај нашите повеќекратни предупредувања, САД свесно продолжуваат да ја ескалираат ситуацијата“, се вели во соопштението на Министерството.

 

„Неодамнешните заеднички воздушни вежби… јасно покажуваат дека планот за употреба на нуклеарно оружје против Северна Кореја се движи со темпото на вистинска војна“, се додава во соопштението.

Во својата изјава, севернокорејското Министерство за надворешни работи ги осуди последните заеднички вежби меѓу САД и Јужна Кореја во кои учествуваше американски стратешки бомбардер Б-52, забележува Ројтерс.

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, Ким Јо-чан, рече дека Пјонгјанг секоја воена акција на САД против тестовите за стратешко оружје на Северна Кореја ќе ја смета за објава на војна.