Александра била во врска со еден од убиените во Скопје: Тврди дека ја тепал, со ОВА ѝ се заканувал

Не стивнуваат реакциите во јавноста по двојното убиство во Скопје, а денеска настанот е топ-тема и во српските медиуми откако повеќето од нив напишаа дека еден од ликвидираните бил поранешен партнер на Александра Николиќ, актуелна учесничка во реалното шоу „Задруга“.

„Информер“ пишува дека Николиќ пред неколку години била во турбулентна врска со убиениот Ј.К. и дека додека биле заедно наводно трпела сериозно насилство.

Николиќ своевремено настапувала по клубовите во Македонија каде и го запознала. Набргу се преселила во Скопје да живее кај него. Таа во една прилика откри детали од бурната врска која, како што вели, од корен ѝ го променила животот.

„Ја напуштив работата поради него, бидејќи му пречеше да танцувам. Добро се забавував со него година и пол, но го оставив затоа што ме тепаше. Мислеше дека го изневерувам. Толку ме тепаше што имав сериозна повреда на вратот“, раскажа Александра во „Задруга“ признавајќи дека долго време откако го напуштила имала проблеми со него.

„Бидејќи цел живот гледав насилство, веднаш го напуштив. Никогаш не би простила ќотек! Тоа момче се’ уште ми се заканува. Ми вели дека ќе објави некои информации за мене во јавноста. „Прави што сакаш, само остави ме на мира“, му одговорив. Не знам дали има експлицитна снимка со мене. Не се снимавме, освен ако тајно не го направил тоа. Не се плашам ниту од него, ниту од никого“, се исповеда неодамна Николиќ.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа