АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! Во Египет Пронајдено писмо на македонски јазик, старо 2.200 години

АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! Во Египет Пронајдено писмо на македонски јазик, старо 2.200 години
Пронајдено писмо на македонски јазик, старо 2.200 години
Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. Ова, велат истражувачите, потврдува дека античките Македонци биле писмени, што се коси со досегашни тврдења на светската наука.
Светски познатиот Камен од Розета, најпознатиот пишан артефакт од Египет, е најден во 1799 година во местото Розета (на египетски Ел Рашид) во Египет, при копање за изградба на фортификациски објекти од страна на француската војска во текот на египетската воена операција на Наполеон Бонапарта. Тогаш и Англичаните влегуваат во судир со француската војска и оваа краткотрајна војна завршува со потпишување примирје во Александрија во 1802 година и со пораз на француската војска.
Во согласност со одредбите на ова примирје Каменот од Розета, заедно со сите други ископани артефакти, им припаднал на Англичаните, кои го пренесуваат во Англија и го сместуваат во Британскиот музеј во Лондон, каде што и денес е изложен како еден од најпознатите експонати. Во јули 2003 г. Египет бараше враќање на Каменот од Розета.
Kопии од овој познат камен има речиси во сите европски музеи.
Изработен е од гранит со импозантни димензии: височина 1,44 метри, широчина 0,72 метри, дебелина 0,28 метри и тежина 762 килограми. Содржината на Каменот е всушност декрет на фараонот (царот) Птоломеј V Епифан Евхаристос по повод првата годишнина од неговото крунисување во 196 г.п.н.е. Напишан е од група свештеници во Египет, во чест на египетскиот фараон и наведена е листа на сите работи што тој ги направил, а биле добри за свештениците и за народот на Египет.
Во 1822 година францускиот научник Шамполион, врз основа на античкогрчкиот текст успеал да ги дешифрира хиероглифите. Со средното писмо светската наука сè уште има проблеми со читањето и разбирањето.
Сега првпат е дешифриран и средниот текст, за кој Бошевски и Тентов тврдат дека е напишан на антички македонски јазик. Двајцата истражувачи тргнаа од претпоставката дека јазикот бил македонски, односно од балканскиот ареал. Основа за таков пристап е што со Египет владеела династијата Птоломеи (кои се антички Македонци, зашто основач на династијата е Птоломеј Сотер, генерал на Александар Македонски), така што античкомакедонскиот бил и државен јазик на Египет на кој се пишувале сите државни документи.
Според зборовите на академикот Бошевски, современата наука има прифатено неколку стојалишта – „античките Македонци биле неписмени, од нивниот јазик не останала запишана ниту една реченица, а камоли цел текст, и тоа доста голем, така што текстот на каменот од Розета е напишан на три писма со употреба на два јазика, по следниот редослед: хиероглифско на античко-египетски, демотско на античко-египетски и античко-грчко на античко-грчки.
Нашите појдовни претпоставки беа дека е неприфатлива констатацијата дека на писмото и на јазикот на Античките Македонци не е сочувана ниту една осмислена реченица и според тоа сметавме дека текстот на каменот од Розета е напишан со употреба на три јазика, по следниот редослед: хиероглифско на античко-египетски, слогово на античко-македонски и буквено на античко-грчки”.
До овие заклучоци е дојдено споредбено со основните карактеристики на пишувањето текстови во тој период. Така е заклучено дека нема интерпункциски знаци во денешна смисла, кај буквените писма постојат само големи букви и сè е напишано во една непрекината низа без употреба на празно место.
Текстовите од каменот имаат свои карактеристики, кои авторите ги наведуваат: кај хиероглифскиот и „демотскиот“ текст насоката на пишување и читање е од десно на лево, додека кај античко-грчкиот текст насоката на пишување и читање е од лево на десно.
Од карактеристиките на писмото на средниот текст од каменот, беа издвоени следниве: писмото е доминантно слогово со учество на мал број пиктографски знaци, слоговите се исклучиво од типот согласка-самогласка, постојат знаци за пишување на изолирани согласки и самогласки и покрај стандардното пишување на слоговите знаци еден до друг, тие се пишуваат и еден над или врз друг. Во текстот, исто така, се среќаваат имињата на два бога и тоа како во оригинал се изговарале на античко-египетски.
Во декретот се наведени местата каде да се постават камењата со текстот. Според преводот, во македонскиот текст Египќаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци. Средниот текст е со вчудовидувачка сличност до идентичност со сегашните македонски говори и дијалекти, според приложените 167 зборови.
Еве некои зборови: наше име, најнаше име, деца, децана, деца мои, божен, најбожен, господар, господари, же(и)во, бога, бога нашион, на нашево бога Sе (Светлина, Sевс?), на бога се деца, налеа (статуа налеана), надеж’, тој, мој, мо (јас), мои, вои (вие), ј’ви (јави), б’де (да биде), најзе (нејзе), дивејеи (се диви, восхитува), ата (татко на старословенски) итн.
Писмото е слоговно од типот согласка-самогласка. Основните знаци (согласките) се наоѓаат во по 8 положби и, во зависност од позицијата, односно аголот под кој се наоѓаат, се чита слогот со изговор на самогласката, како еден вид јотација во старословенскиот јазик. Покрај согласките за првпат се предлага озвучување и на самогласките.
Идентификувани и озвучени се 25 согласки и 8 самогласки, речиси половина од нив (12) согласки формираат слогови со сите 8 самогласки, додека останатите согласки со 4-5 самогласки. Исто така, идентификувани се 4 пиктографски знаци, карактеристична е употребата на лигатури со цел да се покрие зачестената употреба на предлогот „на“. Често се употребува и сврзникот „и“, а множина се прави со додавање на „и“ на крајот од зборот, како, впрочем, и денес. Со употреба на дефинираните правила за читање и озвучување идентификувани се над 160 зборови.
Од сето ова произлегува дека средниот текст е дефинитивно напишан на писмото и јазикот на тогашните господари на Египет – Античките Македонци. Средниот текст, всушност, бил оригиналот од кој описно се преводите на старогрчки и на староегипетски. Македонскиот текст не се совпаѓа буквално со другите два текста.
– Незамисливо е дека народот што речиси 300 години владеел со целиот тогашен цивилизиран свет бил неписмен на својот јазик. Со ова наше истражување докажуваме дека имало писменост и го откриваме писмото и дел од јазикот – вели проф. Тентов.
Проектот „Дешифрирање на средниот текст на каменот на Розета” се одвивал под покровителство на МАНУ.
Книгата од истражувањето на Бошевски и Тентов „Прилози“ со темата „По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци“ е промовирана во МАНУ на 29 јуни 2006.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа