Лидл купи парцели за изградба на маркет во  Битола

Ланецот Маркети Лидл веќе закупи парцели на кои ќе се изградат маркети, дознава 4NEWS.mk. Според информациите веќе се купени парцели во Гази Баба Скопје, Кавадарци и Битола.

Парцелата во Гази Баба веќе е впишан и во Акецијата за катастар на недвижности. Таа се наоѓа во местото Благој Стефковски.

„Лидл“ интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка дополнително ќе расте.

Томаш Кузма, член на Одборот на компанијата одговорен за Западен Балкан, „Лидл Интернешнл“, објаснил дека како странски инвеститор „Лидл“ високо ја цени соработката и поддршката што компанијата ја добива од Владата на Македонија. Рубријан Хаџиев, главен извршен директор на „Лидл Македонија“, истакнал дека премиерот Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи му обезбедиле на „Лидл“ работни групи во неколку министерства и единствена точка за контакт за да ја олеснат подготовката за можен влез на македонскиот пазар. Сметаат дека оваа соработка ќе продолжи и во сите други фази од проектот.

„Лидл“ веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 метри квадртни и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања. Во оваа фаза на подготовка, „Лидл“ веќе истражува различни начини за поддршка на локалните производители. Компанијата организираше извоз на македонски земјоделски производи во мрежата „Лидл“ во соседните земји. И ова е само еден пример од целокупното партнерство на „Лидл“ со добавувачите и производителите кое е насочено кон докажување на секојдневната поддршка и соработка како доверлив партнер во бизнисот.

Една од најголемите компании во малопродажбата во светот ја регистрираше подружницата Лидл Северна Македонија Дооел со седиште во скопски Центар и со паричен влог од 500.000 евра, објави вчера Централен регистар.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа