РУСИЈА ИМА ДОВОЛНО РЕСУРСИ! Шок извештај од членка на ЕУ, Москва лесно може да војува – Поддршката е ЛАГА?!
Русија наводно има доволно ресурси за уште две години војна во Украина.
Воената разузнавачка служба на Литванија денеска објави извештај во кој проценува дека Руската Федерација има доволно ресурси за уште две години војна во Украина , пренесува „Франс прес“, а пишува хрватски „Индекс“. Ова го изјави на прес-конференција шефот на военото разузнавање Елегиус Паулавичиус .
„ Русија акумулира оружје и воена опрема долго време, во годините на Студената војна. Проценуваме дека нејзините ресурси би можеле да траат уште две години и дека во тој период би можела да води војна со ист интензитет како денес“, рече Паулавичиус .
Тој истакна дека овој извештај се однесува на фактот дека никој од надвор не и помага на Русија во однос на воената помош. На крајот, тој објави дека делумната мобилизација на Русите во септември 2022 година покажа дека поддршката за војната во Украина „не е толку голема колку што претставуваше рускиот пропаганден режим “.