Почитувана американска амбасадорке во Македонија.
Одамна сакам да ви кажам нешто што нема да го слушнете од вашите невладини загари овде кои ги помагате вака или онака.
Тоа што Македонците ја загубија довербата во вас како држава, во НАТО и ЕУ не е случајно и не е преку ноќ.
Штета што се разбудивме доцна кога веќе вие такаречи нотарски ја препишавте државата на друг.
Ја одзедовте Македонија од Македонците.
За тоа сами сме си виновни. Нашите политичари изминативе 30 години беа доволно алчни и наивни да го дозволат тоа .
Исто како оние пред нив кои исто беа доволно алчни и глупави да дозволат да ја растурите југословенската федерацијја со помош на вашите европски вазали за да создадете шест нови држави во кои дозволувате да владеат бандити и екстремисти.
Растуривте голема држава за да направите шест зоолошки паркови во кои владеат крокодили, горили и хиени.
Тоа е ваша заслуга.
И сега имате проблеми понекогаш.
Тешко ви е да направите ред.
Губите доверба кај нормалното и чесно население.
За тоа амбасадорке сами сте виновни како држава.
На обичниот чесен народ преку глава му е да гледа како владеат идиоти со два грама мозок и полн шаржер во пукалата. Преку глава му е да гледа егзекуции по јавни места, меѓу нормални луѓе кадешто и невини може да настрадаат, деца.
И вие тоа го гледате и мижите.
Ве разбирам. Вие го измисливте прагматизмот. Ќе вечерам и со ѓаволот додека е од мој интерес.
Е па веќе не ви е од интерес амбасадорке.
Пренесете им го ова писание слободно во Стејт департментот. Мислење од еден обичен македонски глумец ни приближно толку добар во глумата ко вашите големи глумци.
Оти имате одговорност за ова што се случува. Сигурен сум ако само им подвикнете малку на вашите овдешни слуги, ќе ја сменат песната моментално. Па тогаш може и ќе имаме шанса да станеме нормална држава. Оти вака ништо не правиме и вие и ние.
Можете и да продолжите да мижите, ама
тогаш немојте да се чудите што и понатаму ќе губиме доверба во вас и ЕУ. Особено Македонците. Па руски влијанија, па путинизација…
Важно сфативме колку е саат. Не може и понатаму лесно да играте на картата дека сте сојузници на Македонците, а позади грб да им правите се што тие не го сакаат.
Ние не го мразиме американскиот народ. Напротив. Ја слушаме вашата музика, ги гледаме вашите филмови, ама па не сме толку прости.
Нема да ви е пријатно ова што кажав, ама како што реков не сум од вашите невладини загари, ви го кажувам она што нема од нив да го чуете, а кое Македонците го мислат.
Со почит, Сашо Тасевски.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?