Сите ме прашуваат зошто не се селам од Македонија. Епа дојде моментот да разјасниме. Ужасна политика? Да. Сиромаштија? Да. Неправда? Многу.Одбивам да ја предадам државата за 6 евра во McDonald’s во Германија само затоа што не сме биле доволно гласни. Тие ладни улици нема да ја заменат прегратката на баба ми, липите во април и мирисот на дом.

Сите ме прашуваат зошто не се селам од Македонија. Епа дојде моментот да разјасниме.
Ужасна политика? Да. Сиромаштија? Да. Неправда? Многу.
Ова е нашето секојдневие и факт е дека е катастрофално. Исто така мора да се соочиме со фактот дека оваа реалност нема да се промени сама од себе. Нема да се разбудиме едно утро во праведна држава со вистински вредности и слога меѓу народот. Бруталната вистина со која што мора да се соочиме е дека мора да излеземе од mindset-от “што се замараш”, “не зависи од нас” и слично, зашто на крајот од денот буквално зависи од нас.
Предолго интелектуалците се фокусираа на хедонизам и ја оставија политиката и одлуките на гладните и жедни мршојадци, време е да се разбудиме.
Македонија е преубава ако знаеш да го уклучиш мозокот и не се плашиш од предизвик.
Одбивам да ја предадам државата за 6 евра во McDonald’s во Германија само затоа што не сме биле доволно гласни. Тие ладни улици нема да ја заменат прегратката на баба ми, липите во април и мирисот на дом.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа