АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ И ОД КОГА ПОТЕКНУВА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК! ЃОРГИЈА ПУЛЕВСКИ УШТЕ ВО 1879 ЈА ОБЈАВИЛ ПРВАТА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА

АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ И ОД КОГА ПОТЕКНУВА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК! ЃОРГИЈА ПУЛЕВСКИ УШТЕ  ВО 1879 ЈА ОБЈАВИЛ ПРВАТА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА

Ѓорѓија Пулевски – творецот на првата печатена македонска граматика и правопис
„Слогница речовска“ на Ѓорѓија Пулевски била објавена во 1880 година во Софија. Некои од истражувачите посочуваат дека таа, всушност, е првата печатена македонска граматика, но и правопис, бидејќи обработува правила за правилно пишување на македонски јазик во поглед на правописот и граматиката. Првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик што би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се испечатила само денешната „Слогница речовска“
Во прилог на одбележувањето на „Отворените денови на Институтот за македонски јазик“
_____________
Во македонската историска меморија Ѓорѓија Пулевски останува вечно запаметен како еден од највеликите дејци што оставиле неизбришлива трага во развојот на македонската културна мисла, но и како еден од најголемите бранители на македонските интереси во втората половина на 19 век. Во минатото, односно во периодот 1945-1991 година, одредени аспекти на дејноста на Пулевски беа запоставени од страна на македонската наука. Ова се должи на тогашната политичка констелација, како и поради неговите ставови за потеклото на македонскиот народ, кое го поврзуваше со историјата на Античка Македонија.
Меѓутоа, македонската научна мисла го препозна и го ценеше неговото значење. Во овој контекст е и искажувањето на Гане Тодоровски дека доколку сакаме целосно да ги разбереме и да ги протолкуваме ликот и делото на Крсте Петков Мисирков, тогаш ќе мора да укажеме и на неговите претходници во Македонија. Според Тодоровски: „Меѓу нив секако би дошле Ѓорѓи Пулевски, Исаија Мажовски, Марко Мушевич и Темко Попов, во прв ред, како и Спиро Гулапчев, Евтим Спространов, Коста Шахов и Марко Цепенков на еден поширок и индиректен план. Делувањата на овие македонски дејци во добра мера го објаснуваат појавувањето на Мисирков и ја осветлуваат генезата на неговите идеи.“
Споменувањето на Пулевски од страна на Гане Тодоровски како една личностите што му го поплочиле патот на Мисирков не е случајно. Пулевски активно учествува во ослободителните борби на Македонците, а во Македонското (Кресненско) востание од 1878 година како војвода предводи востаничка чета. Меѓутоа, неговата културна и национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар, можеби е позначајна од неговата политичка и револуционерна дејност.
Во втората половина на 19 век, македонскиот народ беше подложен на туѓи пропаганди, кои имаа цел да ги асимилираат македонските национални особености или во крајна мера да ги прикажат како бугарски или српски. Токму во овој критичен момент за македонските национални интереси, Ѓорѓија Пулевски се пројави како афирматор и заштитник на македонскиот јазик и историја, односно на македонските корени. Во овој контекст се и неговите дела: „Речник на три јазика“ објавен во 1875 година, „Самовила македонска“ напишана во 1878 година, „Македонска песнарка“ објавена во 1879 година, „Слогница речовска“ издадена во 1880 година, како и „Славјанско-маќедонска општа историја“ објавена во 1892 година.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа