Орбан: Поблиску сме од кога било до светска војна

„Ако Европската унија утре ги укине санкциите против Русија, инфлацијата веднаш би се преполовила, а потоа постепено би се вратила на 2-3 отсто“, смета Орбан.

 

Светот е поблиску од кога и да е локалниот конфликт да стане светска војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

 

Тој за унгарското радио изјави дека лидерите на западниот свет се „зафатени од воена треска“, дека држат говори во кои повикуваат на победа во војната и испраќаат сè поопасно оружје во Украина, пренесува агенцијата МТИ.

 

„Наместо едногласно да се промовира мирот, светот е поделен“, рече Орбан, додавајќи дека Турција и арапските држави, Кина и африканските земји сакаат прекин на огнот и мировни преговори.

 

Орбан оцени дека Унгарија мора да има силна армија и во исто време да промовира мир.

 

„На Унгарија и требаат ефективни вооружени сили, а владата работи на зголемување на бројот на војници, нивната посветеност на татковината и нивниот повик, нивното ниво на обука и нивниот јавен углед“, рече Орбан.

 

Тој додаде дека армијата мора да биде опремена и со модерно оружје.

„Фактот дека сме за мир не значи дека треба да бидеме беспомошни“, рече Орбан.

 

Според него, укинувањето на санкциите поврзани со војната би било најдобриот начин за сузбивање на инфлацијата.

 

Тој најави дека Унгарија ќе продолжи да става вето на мерките што ќе предизвикаат „најнепосредна штета“ на нејзината економија.

„Ако Европската унија утре ги укине санкциите против Русија, инфлацијата веднаш би се преполовила, а потоа постепено би се вратила на 2-3 отсто“, смета Орбан.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа