АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! Во Србија пронајдена збирка и песна за Александар Македонски напишана пред 1862 година

АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! Во Србија пронајдена збирка и песна за Александар Македонски напишана пред 1862 година
“Во Србија била пронајдена третата збирка со македонски песни собрани од Стефан Верковиќ.
Во оваа збирка била објавена песна за Александар Македонски, која на Верковиќ му ја испеал слепиот народен (род-македонец) пејач Јован Михаилов. Песната била забележана некаде пред 1862 година и ја имало во две варијанти со по 263, т.е. 306 стихови. Песната почнува:
‘Чедо си нема цар Филип, чедо си нема девет години’.
Во продолжение читаме дека Филип и рекол на својата жена ‘цар Филиповица’,да му роди машко дете додека тој е во војна.Така и се случило. Потоа читаме:
‘Царица е затегнала машко е дете породила
сос прстен на раката на прстена бе исписан
и как да го крстат: крстиха го Александро’.
Истовремено се ожребил и коњот на Филип,чие ждребе имало ‘нозе до ушите’.
Во продолжение читаме:
‘И погине цар Филип и седна му на столнина
Александро чедото му, до царот да повеља’ “…
Песната продолжува со информација дека Александар го нашол изворот на жива вода, од која донел едно шише, кое му го испиле сестрите, а потоа се сокриле од него во Белото Море, каде до денес живееле.
„Во песната е спомнато и дека Александар војувал против ‘цар Хируда’ (што секако дека е производ на имагинацијата на народниот пејач). Во продолжение читаме дека некои двајца браќа јунаци кои го чувале својот татко затворен во сандак за да го спасат од стариот суров обичај на погубување на старците, му помогнале на Александар во борбата да премине една река (откако добиле совет од својот татко како да го направи тоа). Тогаш Александар го забранил обичајот на убивање на старците.
Песната продолжува со информација дека Александар го нашол изворот на жива вода, од која донел едно шише, кое му го испиле сестрите, а потоа се сокриле од него во Белото Море, каде до денес живееле.
Потоа е опишана средбата помеѓу Александар и Исус Христос, кој му се појавил преправен во старец, кому Александар му помогнал. Без разлика што овде е спомнат Исус Христос, несомнено дека и ова е мотив од античката митологија, конкретно произлезен од преправањето за“ Врховниот бог“ како старец и неговото симнување на земјата. Меѓутоа, интересен е крајот на песната во која е опишана смртта на Александар:
‘Пак си хода Александро пак си ходит три дни и три ношти,
Та го гонат комарето, сан не му дават да заспие,
Леб не јаде три дни време. Да замине това поле,
Таму најде мајсторете, мајсторете дунерето,
Това поле камен делат, камен делат за корито.
Тога рече Александро: -Аман, брате бре мајсторе,
аман, брате, од комаре, стој да легна в това камен,
Белки мога да се крие оти мухите, от комарето.
Тога легна ав камена, да му влезат комарете?
в едно ухо тие влезат, те през друго излезова.
Там си умре Александро во камене од комаре,
Царство му битисало’.
Овој опис на смртта на Александар е можеби најинтересниот опис од сите останати описи за неговата смрт, кои се среќаваат во народните умотворби кај повеќе народи.Имено,познато е дека за Александар Македонски постојат народни умотворби на околу осумдесет јазици (‘History of Western Civilization’ by Dr Ellis L. Knox Boise State University, USA, 1996). Во некои од нив, како причини за неговата смрт, наведени се разни претпоставки. Така, на пример, според една византиска легенда Александар бил отруен од некој силен отров што во виното му го сипал неговиор слуга Јола. Слично се раскажува и во една романска, шпанска и англиска легенда, а според исламската традиција Александар бил еден од пророците на Алах.
Според една византиска легенда Александар бил отруен од некој силен отров што во виното му го сипал неговиор слуга Јола. Слично се раскажува и во една романска, шпанска и англиска легенда“. Значи, европските легенди биле како тн.византиски, а тн.Византија била возобновено Македонско Царство.Меѓутоа, Европјаните биле Македонци по пропаста на Македонија,кои од Римјаните биле колонизирани низ континентот.
„Сепак, оваа македонска песна драстично отскокнува од сите останати во однос на прилината за смртта на Александар. Имено, оние историчари кои ги истражуваат причините за смртта на Александар (повикувајќи се на описите од древните извори за смртоносната болест по која тој починал) сметаат дека Александар умрел од маларија.Токму таков описна причината за смртта имаме и во оваа песна ! Јасно е дека овде маларијата е претставена преку комарците (комаре) како нејзини пренесувачи, кои ‘сан не му даваат да заспие’. И не случајно Александар се жалел на комарците, сфаќајќи дека тие се причина за неговата смрт.
Просто е неверојатно од каде слепиот македонски пејач Јован Михаилов (од кого во средината на 19 век била запишана оваа песна) ги знаел податоците за смртта на Александар од болеста предизвикана од комарците (маларија) ! Податоците дека Александар умрел од маларија аргументирано и научно го поткрепува дури во 1978 година од страна на историчарот Доналд Енгелс, кој прв поаргументирано ја изнесе оваа теорија во својо труд ‘A Note on Alexanders’ Death’. Потоа оваа теорија доби и други подржувачи и може да се каже дека денес се смета за прифатено од поголем број историчари. Оттаму, просто неверојатно звучат стиховите од македонската песна: ‘Там си умре Александро/ в камен ор комаре’ (литературно: ‘Таму си умре Александар/ во каменот, од комаци’). Останува вчудовидувачко и познавањето на медицината (комарците како причина, т.е. пренесувачи на смртоносна болест) од македонскиот народен творец. Имено, се знае дека прв кој ги открил комарците како пренесувачи на маларија бил британскиот истражувач Роналд Рос. Но, ова откритие тој го направил дури во 1898 година, што значи неколку децении по запишувањето на оваа народна песна во Македонија !Во 1902 година Рос ја доби Нобеловата награда за медицина поради ова свое откритие“.“
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа