ЧЕХ ОД БРНО КОЈ ЈА ПОСЕТИЛ МАКЕДОНИЈА УШТЕ ВО 1910: МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ НИТУ БУГАРИ, НИТУ СРБИ ТУКУ ПОСЕБНА НАЦИЈА. ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ВОСПОСТАВИ МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК 1910 г.

ЧЕХ ОД БРНО КОЈ ЈА ПОСЕТИЛ МАКЕДОНИЈА УШТЕ ВО 1910: МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ НИТУ БУГАРИ, НИТУ СРБИ ТУКУ ПОСЕБНА НАЦИЈА. ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ВОСПОСТАВИ МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК 1910 г.

„Македонија им припаѓа на Македонците, а Македонците не се ниту Бугари, ниту Срби”, туку се „посебна нација”.

Чешкиот весник „Нови лид“ (Novy Lid) во септември 1910 година отпечатил допис од патеписец од градот Брно кој ги посетил Македонија и Грција. Дописникот се претставува како поборник за автономна Македонија и дава пресек на геополитичката состојба, констатирајќи дека Европа нема никогаш да ги спроведе ветените реформи во Македонија затоа што „не ги разбира и не сака да ги разбере” вистинските причини за положбата во којашто таа се наоѓа.
Написот ја потврдува засебноста на македонскиот народ, велејќи дека „Македонија им припаѓа на Македонците, а Македонците не се ниту Бугари, ниту Срби”, туку се „посебна нација”.
Натаму патеписецот* додава дека македонскиот јазик возникнал од старословенскиот и „само е замешан со србизми и бугаризми”, па следствено, „потребно е да се воспостави македонски литературен јазик”.
Според него, работите во Македонија се усложнети и ништо не може да се направи според Уставот (на Отоманска Турција после Младотурската револуција), при тоа посочувајќи ја Бугарија како главен виновник за таквата ситуација, покрај дволичноста и инертноста на европската политика.
– „За тоа се виновни Бугарите што постојано испраќаат нови чети за да предизвикуваат немири и потоа да можат да ѝ велат на Европа дека Турците не се способни да ги спроведат реформите”.
Дописот укажува и дека „доколку престанат глупавите бугарско-српско-грчки пропаганди и се посвети поголемо внимание на подобрувањето на материјалната и културна состојба, не ќе биде потребно Европа воопшто да се меша”.
Дописникот ја опишува Грција како „гнила” држава и ги предупредува жителите на Крит дека таа „ќе ги преземе, оданочи како што ѝ направи на Тесалија и потоа ќе ги продаде на аукција”.
Грчката нација ја окарактеризира како „мизерна” и потенцира дека тука „воопшто не се работи за некаква хеленска раса“ туку за „грчко-романско-словенско-турски копилиња”. Дописникот вели дека Грците говорат на еден вид сленг којшто не би го разбрал ни најдобриот класичар бидејќи се работи за измешан грчки јазик со многу турски зборови.
– „Тука нема унифициран литературен јазик – романтичарите пишуваат на народен јазик, хеленистите на старогрчки, а обичниот народ не ги разбира. Сите тие се мрзливи, нечесни, само муабетат за политика”.
За грчките службеници пишува дека се деморализирани, без дисциплина, и ги нарекува „исполитизирани шемаџии“.
Дописникот пишува и дека „сите во Грција се зафатени со политика, особено на Универзитетот, каде што повеќе предаваат за великогрчките идеи отколку научни предмети”.
За грчките финансии пишува дека „страдаат од метална анемија, златници нема ни за лек”. Посочува дека Грција е единствената држава која живее во банкрот од самиот почеток и „не се обидува да ја подобри ситуацијата, туку напротив, го разбудува својот канибалистички апетит за обновување на Византиската Империја”.
Ете каде води сентименталноста во политиката, пишува авторот, додавајќи дека тоа е влијанието на романтичарите како Џорџ Гордон лорд Бајрон – „идеолозите“ на новата грчката нација.
Написот завршува со препораката дека Турција мора по секоја цена да остане во Европа бидејќи „Турците никогаш не ги однародуваат” другите, за разлика од „Грците кои секогаш го прават тоа”.
ИЗВОР: “Novy Lid”, 20 септември 1910, бр. 38, стр. 3-4.
Забелешка *1: Неименуваниот патеписец ги посетил Грција и Македонија на почетокот од 20. век. Тој се прикажува како поборник на идејата за автономна Македонија и е еден од оние кои ги увидел опасностите од великогрчкиот квази-иредентизам којшто заедно со другите слични наци-шовинистички доктрини потоа значеше етничко чистење, смрт и иселување на стотици илјади етнички Македонци.
Забелешка *2: Џорџ Гордон лорд Бајрон е еден од најголемите „филхелени“, романтичари, т.е. „гркофили“ меѓу европските општественици, публицисти и културни работници. —/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа