ИМА ЛИ СЕГА МАКЕДОНЦИ ИЛИ НЕ? Шпанскиот Ел Команданте Раул Гонзалез: Македонците се најдобри на светот!

„Ел Команданте“, Раул Гонзалез, Шпанецот кој во 2017 година прв го искачи Вардар на врвот на Европа во епската титула во Келн за прва од двете европски круни на црвено-црните, и по шест години од светската слава, сѐ уште не може да најде зборови за да ги искаже чувствата од историската титула со црвено-црните.

Раул го однесе Вардар до првата титула откако три години претходно дојде на кормилото во ерата на владеење на Сергеј Самсоненко, а потоа беше и македонски селектор, па за Македонија, навивачите и сите Македонци посочи кратко и јасно – најдобри на светот!

„Во 2014 година го преземав Вардар и тоа се покажа едно – неверојатно и незаборавно искуство! Го прифатив предизвикот, а како што моето повикување во шпанската репрезентација беше изненадување, така и ова беше едно изненадување во кариерата и работите навистина одеа добро со Вардар. Во 2016 за малку не стигнавме на фајнлфор, а следната сезона веќе го кренавме трофејот.

Нешто неверојатно, прекрасен настап, нешто што го има само во книгите. Имавме извонредна сезона, после ги победивме Барса и ПСЖ за гол разлика во Келн и едноставно немам зборови како тоа да го опишам, како да ги опишам чувствата, кои еве сега и шест години потоа се огромни“, вели Раул.

Шпанецот и шест години подоцна се присеќа на спектакуларниот дочек, стотината илјади навивачи кои ги славеа хероите по улиците во незаборавните ноќи што веќно ќе се паметат.

„Не бевме фаворити, ама бевме изненадување и успеавме во намерата. Бевме европски прваци. А, во Македонија? Тотално лудило. Дури 90 отсто од луѓето го гледаа финалето, значи девет од секои десетмина беа пред телевизор за да нѐ гледаат против ПСЖ.

Јас бев и селектор на Македонија и знам колку на Македонците им значи ракометот. Кога се вративме во Скопје, 100.000 луѓе беа на улиците за да слават, да нѐ поздрават. Нешто неверојатно, прекрасно. Јас можам да кажам, со рака на срце, дека Македонците се најдобри на светот. Таа нивна поддршка за националниот тим, страста што ја имаат за спортот, за идолите – тоа е без преседан!“, додава Раул.

Две години по првата европска титула, Вардар дојде и до втора еврокруна овојпат заглавен со беспарицата, ама со голема желба, инает и лавовско срце во 2019 година уште еднаш ја направија горда Македонија, тогаш со еден друг Шпанец на клупата, Парондо.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа