Невозможно е да се каже какви видови се ајкулите, бидејќи има неколку видови кои го посетуваат Мексиканскиот залив
Тиктокерка објави видео од нејзиното патување со рибарски брод со пријателите кои тргнале во потрага по туна.
Кога групата забележала премин на големи риби, решиле да тргнат кон нив, но она што не го очекувале е необична глетка која набрзо ги шокирала.
Видеото покажува огромен број ајкули кои се хранат со риби околу чамецот, а предаторите постојано излегуваат од разбрануваното море. Невозможно е да се каже какви видови се ајкулите, бидејќи има неколку видови кои го посетуваат Мексиканскиот залив.
„Никогаш не сум видела вакво нешто“, напиша девојката, а луѓето почнаа да го коментираат нејзиното видео, кое собра повеќе од 670.000 прегледи за неколку дена по објавувањето.
„Ужасна сцена“, „Добре дојдовте во мојот кошмар“ и „Почнувам да се потам од помислата дека ќе паднам од чамецот“ се само дел од коментарите.