И кога ќе го уапсите Путин? Вака сега, Русија не е ни Косово, ни Босна, ни Македонија, ни Србија! Путин во Хаг нема да го видите. А може и ќе дојде, ама на тенк, преку Берлин. Само така

Favorites  
Виц на денот: На Путин му отвориле обвинение за воени злосторства!!!
И кога ќе го уапсите?
Еден ден?
А што вие мислевте да инсталирате ваш послушник во Москва кој ќе го апси откако ќе падне од власт?
Заебавате?
Знам не сте толку глупи да верувате во тоа?
Тогаш сигурно правите театар за светов.
Да покажете колку сте опасни сега кога војната во Украина ја губите.
Вака сега, Русија не е ни Косово, ни Босна, ни Македонија, ни Србија. И Русија никогаш не ни била демократска држава. Никогаш во историјата. Таа не се замара со вашите лигави приказни. Путин не води политика од вчера. Таа е континуитет од времето на најголемите руски цареви кои рекле: Предворјето на Русија и гаражата мора да бидат уредни, чисти. Не смее од нив да се појави анаконда или крокодил и да нафркаме!
Ете со прости зборови кажано.
Впрочем и вие така реагиравте Хрушчов кога ви ги паркираше нуклеарките на Куба. Ви текнуе?
Такашто бркајте работа. Знам нервозни сте, зашто Владе ви откажа преговори пред еден месец. Па не е луд да преговара сега кога победува. Башка 20 години ве молеше да не играте покер со него, со Украина како влог. Го потценивте.
Путин во Хаг нема да го видите. А може и ќе дојде, ама на тенк, преку Берлин. Само така. Sorry.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа