САД ЗАГРМЕА ПО ВЛАДАТА НА СДСМ И ДУИ: НЕПОТИЗАМ ВО ВЛАДАТА, НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРИ, КОРУПЦИЈА ВО ВЛАСТА

Клучните забелешки за состојбите со човековите права во Македонија во најновиот извештај на американскиот Стејт департмент се извештаите за сериозна владина корупција, недостигот на одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани за насилство врз новинари, злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон припадници на ЛГБТ-и заедницата.

Се наведува дека иако во земјата има закон кој предвидува кривични казни за корупција од страна на официјални лица, сепак постојат извештаи за функционери кои се вмешани во корупција, пренесува Радио Слободна Европа.

„Владата останува најголемиот работодавач во земјата, а невладините организации изјавија дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција.

Јавните анкети постојано ја наведуваа корупцијата како една од главните грижи на граѓаните“, се наведува во извештајот од Стејт департментот.

Извештајот укажува и на случаите на отсуство на судска независност и намалената доверба на јавноста во правосудството.

„Уставот предвидува автономни и независни судови, но Владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност. Случаите на несоодветно однесување на судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството продолжија да ја попречуваат ефикасноста на судот и да влијаат на довербата на јавноста во владеењето на правото“, се наведува во извештајот.

Понатаму се наведува и дека „судовите работеа со значително доцнење, особено во случаите на корупција од висок профил и предметите со повеќе обвинети“, се вели во Извештајот.

Исто така, се укажува и на лошите состојби во затворите, нехумани услови во пренатрупаните затворски оделенија и корумпиран персонал во затворите, како и дека полицијата злоупотребувала притвореници и затвореници и кон нив употребувала прекумерна сила.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа