24 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА АГРЕСИЈАТА НА НАТО ВРЗ ЈУГОСЛАВИЈА! ВЛАДАТА НА ЉУБЧО ГО ОТСТАПИ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР ЗА ДА МОЖАТ ДА БИДАТ УНИШТУВАНИ МОСТОВИ, БОЛНИЦИ……

24 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА АГРЕСИЈАТА НА НАТО ВРЗ ЈУГОСЛАВИЈА! ВЛАДАТА НА ЉУБЧО ГО ОТСТАПИ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР ЗА ДА МОЖАТ ДА БИДАТ УНИШТУВАНИ МОСТОВИ, БОЛНИЦИ……
24 години од почетокот на воената агресија на НАТО и сојузничките сили врз СР Југославија – бомбардирање со вкус на ураниум и последици кои и денес се чувствуваат
❗️ “Мирољубивите“ НАТО сили во текот на бомбардирањето лансирале близу 420.000 проектили, 1.300 крстосувачки ракети и 37.000 касетни бомби. Убиени се над 2.000 лица, меѓу нив и деца, а материјалната штета е над 100 милијарди американски долари.
⚠️ Притоа користена е и муниција со осиромашен ураниум. Користењето на осиромашениот ураниум е против Женевската конвенција, а најголем дел од истиот е употребен на територијата на Косово.
👉 Владата на ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски (подоцна коалиционен партнер на СДС) го отстапија воздушниот простор на НАТО силите. Воздушните летала на НАТО го користеа во текот на целата операција маневрирајќи над територијата на Македонија.
☢️ Поради лесно запаливата материја, пракса е воените летала со бомби пред слетувањето да се ослободуваат од „товарот“. По кажувања на сведоци од Липково, воено летало на НАТО испуштило товар (бомба) во Липковско Езеро. Токму од ова езеро со вода се снабдува целиот кумановски крај.
Под притисок на јавноста, тогашната Влада направи “истражување“ со тоа што ги остави НАТО тимовите да го испитаат дното на езерото додека тие чекаа покрај езерото. Секако ништо не беше пронајдено.
👉Како и во подоцнежните операции, голем дел од бомбите НАТО авионите ги фрлале и во Јадранското Море, пред слетување во базата во италијанскиот град Авијано. „Некои го имаат преживеано Холокаустот, но ураниумот нема никој“ – Ведрана Рудан.
👉 Последиците од користењето на муницијата со осиромашен ураниум се чувствуваат и денес како во Србија и Косово така и во Македонија, северните делови на Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Стапката на раст на заболени од канцер во овие земји постојано се зголемува.
👉 Бомбардирана беше и болница во Белград, кинеската амбасада, воз кај Грделица во кој се превезуваа цивили, куќи, а беа убиени и деца и новинари. Во Ѓаковица авиони на НАТО бомбардираа камп со раселени лица – албанци при што загинаа над 70 лица и исто толку ранети.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа