Отоманските султани издале низа фермни / иредиња за забрана на името Македонија, Македонци и македонски јазик! Нашите пробале во Бугарија да започнат со кодификација на македонскиот литературен јазик… за што во Ќустендил создале „македонска влада“… Бугарија за кратко им забранила било каква македонска дејност… Грција открила македонски кружок во Лерин и Битола, со веќе формирана литературна комисија за кодифицирање на македонски јазик, јавно во весници ги објавиле за да бидат уништени од Турците… по што Македонците во 1902 година се пробале во Србија!
Читајте колку време имале нашите во Србија!
Што Србија направила за да спречи кодификација на македонски јазик на нејзина територија!
Интересно е, откако покасно Србите и Бугарите започнуваат кавга по бугарскиот предлог за поделба на Македонија, бидејќи Србија барала излез на Егејско море, истиот тој Стојан Новаковиќ вика, ајде да ги прифатиме Македонците и да ги направиме наши сојузници, за да ги победиме Бугарите… затоа бугарските шовинисти ќе ви кажат вие сте создадени од Стојан и гарашиновото „Начертание“… ама за тоа ќе ви раскажувам во друга прилика!
Која била таа наша македонска епопеја… Македонија сардисана од сите страни… забрането било се македонско и во Србија и во Бугарија и во Грција, а од Турците и во Македонија… едвај нешто сме објавувале во Украина и Русија, и таму прогон од бугарски агенти и провокатори… атентатори убивале секој Македонец интелектуалец кој ќе се обиде да кодифицира македонски јазик… по западните земји сме можеле нешто малку да се организираме… и таму блокади… страшно!
Слава на Хероите кои не се откажаа!
И ние никогаш нема да се откажеме!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?