АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! Француски Барон пишува за македонци во 1785 година: Вработив 1500 македонци на градилиштето, пееја песни за Александар македонски додека работеа

АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЈ КОГО ИЗМИСЛИЛ! Француски Барон пишува за македонци во 1785 година: Вработив 1500 македонци на градилиштето, пееја песни за Александар македонски додека работеа

Македонци во Турција, во 18-ти век.
Од “Мемоарите“ на Баронот Франсуа де Тот (Baron François de Tott), првото издание на англиски превод направен во Парис под директен надзор/преглед на авторот. Книгата е испечатена во Даблин, Ирска, во 1785.
Де Тот, воен офицер кој претходно учествувал во Руско-Турската војна (1768–1774) на страната на Турците, после војната бил назначен од Султанот да му гради воени одбранбени тврдини на обалата на Црно Море.
На овие страници Де Тот пишува за 1,500 Македонци кои ги вработил на градилиштата. Ги опишува како многу вредни работници за кои немало градежен проблем кој што не можеле да го решат. Еднаш неделно имале одмор. Раскажува за еден случај кога 22 Македонци, со пушки на рамо отишле во една оближна меана, кај што пееле “за победите на Александар“. Таму дошло до судир (престрелка) меѓу Македонците и околу 90 турски морнари кои што од еден брод дошле на обалата, близу меаната. Убиени биле девет Турци и еден Македонец кој што претходно бил убиен од Турците, што било и повод за престрелката.
Де Тот отишол кај Везирот со цел да ги спаси Македонците од судење, во што и успеал. Околу ова тој пишува вака:
“… бидејќи единствената цел ми беше да добијам неказнетост за моите луѓе, се вратив задоволен од моето преговарање…“ (страница 159 – последната слика).
П.С. Во следните англиски изданија, печатени во Лондон, гркофилите прават очигледен фалсификат. Текстот кај што во првиот англиски превод, под надзор на Де Тот стои “за моите луѓе“, гркофилите во следните англиски изданија го замениле со фалсификатот “за Грците“.
May be an image of text
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа