
ЕГЗАРХИЈАТА ДА НЕ БИДЕ САМО ЗА БУГАРИТЕ, ТУКУ И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ – 1870 г.
Во 1870. Македонците имале избор – да останат под духовно ропство на Грчката патријаршија, или да преминат под новосоздадената Бугарска егзархија. Друг избор немале.
Преку плебисцит (референдум), македонскиот народ со големо мнозинство ја избрал Егзархијата, со надежи и барања таа да биде чисто црковна установа, а не пропагандна и наци-шовинистичка машинерија.
Така, вo прилог прикажуваме занимлив цитат од цариградскиот печат од 1870., каде што авторот истакнува дека иако го прифатиле црковното заедништво, Македонците и Бугарите се 2 посебни народа и дека тоа мора да се почитува.
Овие надежи биле заблуда. Бугарската егзархија ја прифатила пропагандно-асимилаторската политика на Патријаршијата, па по само 3 години се појавиле движењата за возобновување на македонската национална црква.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?