„За да се спроведе моделот на Уставот на Хрватска, * Македонија треба да биде држава со мнозинство од 90 отсто Македонци. Хрватска има 90.4 отсто Хрвати.“ – вели Зеќирја Ибрахими, генералниот секретар на албанската партија Алтернатива и научен советник во Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија, во објавата насвојот фејсбук-профил.

 

Ибрахими натаму пишува: Со 54 проценти Македонци и 30 проценти Албанци најмногу што може да направи * Македонија е да го спроведе моделот на Белгија, со која имаме демографски сличности. Ако Белгија изгледа како далечна, тогаш може да го земе моделот на Косово, каде што имаме чисто граѓанска држава.

 

#Редефинирање

Во својата претходна објава на фејсбук Ибрахими изнесува дека Алтернатива ќе бара, ако се менува преамбулата на македонскиот Устав, тогаш да се редефинира државното устројство на Македонија и таа да стане двонационална држава, односно како „држава на македонскиот и албанскиот народ и на етничките заедници“. Алтернатива предложува и втор модел за редефинирање на Македонија: како „држава на сите свои граѓани“, со отфрлање на сите етнички белези.