Емануел Макрон му рекол на својот кинески колега Си Џинпинг дека смета на него „да ја освести Русија“ во врска со нејзината војна во Украина, објави CCTV.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ги поздрави блиските врски на Кина со Франција бидејќи светот, како што рече, претрпува „длабоки историски промени“, објавија државните медиуми, цитирани од АФП.

 

За време на средбата меѓу Кси и францускиот претседател Емануел Макрон во Пекинг, Кси рече дека односите меѓу двете земји се „позитивни и стабилни“, додавајќи: „Светот денес минува низ длабоки историски промени“.

 

Францускиот претседател Емануел Макрон му рекол на својот кинески колега Си Џинпинг дека смета на него „да ја освести Русија“ за нејзината војна во Украина.

„Знам дека можам да сметам на вас да ја вразумите Русија и да ги доведете сите на преговарачка маса“, му рекол шефот на француската држава на Кси за време на билатералната средба во Пекинг.