На повидок раскол во владината коалиција? Љубчо бара да се укине министерството за транспорт ако Груби ги кординира коридорите

ВМРО-Народна со иницијатива: Да се укине Министерството за транспорт, ако Груби е координатор за коридорите

Откако Артан Груби е поставен за главен координатор за спроведувањето на градежните активности на коридорот 8, ВМРО-Народна партија поднесува иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и врски како и за укинување на Јавното претрпијатие за државни патишта.

 

-Не само што воопшто не држи фактот што еден министер за политички систем опслужува и води уште неколку државни функции туку не постои никаква поврзаност на министерството за политички систем со ниту една од останатите функции, а особено не последната, координатор за спроведување на градежни активности на коридорот 8.

Со оглед на ваквата одлука ВМРО-Народна партија прашува дали сите функции и надлежности на Министерството за транспорт и врски како и на Јавното претпријатие за државни патишта се префрлаат во Министерството за политички систем, велат од партијата чиј претседател е Љубчо Георгиевски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа