АЈДЕ ДА ВИДИМЕ ЧИИ СЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ! Англискиот писател Роберт Волш кој ја посетил Бугарија во 1827: Населението тука e неписмено и не го разбира црковно словенскиот јазик на Кирил и Методиј

Што се однесува од подоцнежните времиња, бројни податоци зборуваат, дека дури и во почетокот на 19 век најголемиот дел од Бугарите не само што биле неписмени луѓе, туку немале ни свој книжевен бугарски јазик. Бугарскиот книжевен јазик, како што е познато, е создаден дури во втората половина на 19 век!
Така, на пример, англискиот патеписец Роберт Волш, во патеписот од неговата посета на Бугарија во 1827 година, мошне сликовито ја опишал оваа состојба:
“Таму каде што не се користи грчкиот јазик во богослужбите, се користи древниот писмен јазик, но бидејќи Бугарите не го разбираат ни едниот ни другиот, тоа значи дека тие практично богослужбата ја слушаат на за нив непознати јазици. Во оние малку училишта што ги има по градовите, сите учебници се напишани на грчки, иако тој јазик народот не го познава! Како резултат на сето ова, најголемиот дел од луѓето се неписмени! Јазикот што го користат е само устен и овој јазик никогаш не бил литературен. Дури неодамна биле отпечатени неколку книшки на овој јазик, но јас не успеав да видам ниту една од нив… Во многу места нема ни училиште, ни црква, ниту пак книги… Низ сите села низ кои поминав, не сретнав ниту еден човек што знае да чита и да пишува“. (Марија Тодорова “Англиските патеписци за Бугарија“, Софија, 1987 година).
Во ова сведоштво е многу значајно тврдењето дека Бугарите воопшто не го разбирале ни т.н. црковно-словенски јазик, па нејасно е зошто некои денес, и понатаму, тврдоглаво и вон секаква логика, тврдат дека овој јазик бил “бугарски“?!
Впрочем, за непостоењето на каква и да е бугарска литература, дури и во првите децении од 19 век, сведочат и бројни национално осознаени бугарски преродбеници од четириесеттите до седумдесеттите години на 19 век. Овие бугарски дејци жестоко го критикувале ниското ниво на писменоста кај Бугарите, како и непостоењето на книжевен бугарски јазик. Најголем доказ за ова се бугарските преродбенички текстови напишани на србизиран словенски јазик, во кои авторите недвосмислено се жалат дека Бугарите немаат свој книжевен јазик и бараат веднаш да биде создаден ваков јазик!
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа