Денешните бугарски историчари и пропагандисти отворено и дрско ја лажат јавноста (а и самите себеси) за наводната “вековна старобугарска книжевност“, на која наводно припаѓа и македонската.
Наспроти тоа, историските факти збруваат дека по доаѓањето на Балканот турко-монголските Бугари си имале свој јазик, сличен на јазикот на денешните Татари во Русија, кој останал во употреба во Бугарија дури до 12 век!
Цел век и половина, турко-монголските Бугари пишувале на грчки, а припадниците на семејството на бугарскиот цар Симеон, кој дејствувал нешто по времето на светите браќа Кирил и Методиј, дома се’ уште си зборувале на мајчиниот турко-бугарски јазик.
Но, наспроти овие факти, преземени од бугарски извори, бугарската пропаганда денес тврди дека светите браќа Кирил и Методиј ја создале “бугарската писменост“ (!?), при што алудираат на кирилицата. И не случајно Бугарија е полна со фалсификувани ликовни претстави на овие двајца просветители кои во своите раце ја држат кирилската азбука, иако тие ја создале глаголицата, која нема никаква врска со кирилицата. Ова е уште еден од големиот број докази, дека бугарската историографија е заснована врз фалсификати и вештачки создадени митови, со цел различниот број етникуми во Бугарија – Тракијци, Словени, Македонци, Власи, Бугари, Роми, Турци… да ги држи во заблуда дека сите тие се “етнички Бугари“.
Што се однесува од подоцнежните времиња, бројни податоци зборуваат, дека дури и во почетокот на 19 век најголемиот дел од Бугарите не само што биле неписмени луѓе, туку немале ни свој книжевен бугарски јазик. Бугарскиот книжевен јазик, како што е познато, е создаден дури во втората половина на 19 век!
Пишува Александар ДОНСКИ
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?