И повторно прашање за пазарџиите од “нашата” историска комисија. Каде се споменува името Бугарин? Како славјанин од Солун, за вас стана Бугарин и зборувал Бугарски?

МЕТОДИЈ УПРАВУВА СО СЛОВЕНСКО КНЕЖЕСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
“А (Методиј) не беше од прост род, од обете страни, туку од мошне добар и часен, познат одамна и на Бога и на царот (се мисли на Императорот Михаил III), а и на сета Солунска област, што се гледаше и од неговиот телесен лик. Затоа и учените луѓе што го љубеа од детинство, за него зборуваа чесни зборови, а кога разбра царот за неговата бистрина, му даде да управува (се смета дека то се случило во 830/831 г.) Словенско Кнежество. А, ќе кажам, тој како да предвиде дека ќе биде пратен за словенски учител и за прв архиепископ (како Архиепископја управувал Панонската Архиепископија), за да ги изучи сите словенски обичаи и по малку да навикне на нив.”
Заклучок:Повторно ќе ставиме акцент, на она што тешко им влага во глава на историчарите од османотурскиот период од “нашата” историска комисија: во Солун не живееле Бугари ниту пред ниту за ниту по раѓањето на Кирил и Методиј!!! Читаме дека Методиј станал кнез на Словенско Кнежество, кое како такво си имало сопствено управување, односно не било под Бугарска управа!
2. Од ЖИТИЕТО на Кирил (настан од 850-855 година)
БРЕГАЛНИЧКАТА МИСИЈА НА КОНСТАНТИН ФИЛОЗОФ
“…Тогаш (се мисли 847 г.) цариградскиот патријарх Јован (VII Граматик) беше подигнал ерес (иконоборство) и срам на светите икони. И светиот собор од престол го симна. А когакај него отиде Константин Филозоф и него го посрами и ја изобличи злочестивата ерес (се смета дека то се случило во втората половина на 847г.).
Потоа отиде на Брегалница и откако најде од Словенскиот народ неколку непокрстени и откако ги покрсти ги приведе во православна вера. Им напиша книги на словенски јазик (855 година). Тие што ги преврати во христијанска вера беа 54.000…”
Заклучок: И повторно прашање за пазарџиите од “нашата” историска комисија. Каде се споменува името Бугарин? Како славјанин од Солун, за вас стана Бугарин и зборувал Бугарски? Кога Кирил и Методиј ширеа Христијанство, Бугарските Кагани вееа коњска опашка како знаме, веруваа во Тенгри, немаа допирни елементи со Славјанските обичари, јазик и култура и за воља на вистината во тоа време ниту Софија (тогашно име Средец) не била дел од Бугарија, а за Солун не треба ни да се помисли, треба да си вон памет да кажеш такво нешто или да си бостанџија од Горни Милановац!
—————–
За оние кои се позаинтересирани им ја препорачуваме оваа кратка статија од Бранко Панов:
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа