Француско воено аташе од 1902 прецизно го наведува Борис Сарафов како македонец и востаниците како македонци

Како што ветив, од време на време ќе објавувам екслузивни историски архивски документи што третираат Историски непобитни факти за „заедничка“ Македонска и тнр. Бугарска историја:
Во оваа епизода историски извор е: Извештај за Македонското востание 1902 г. од француското воено аташе, артилериски капетан М. Дупон, до Второто, разузнавачко биро на Генералштабот и Военото министерство на Франција. Извештајот е од 20. Декември 1902 година.
Архивски број на оригинал документот е 7N1633 во Воениот историски архив на Франција (SHAT)
Во извештајот, француското воено аташе, прецизно и недвосмислено го нагласува населението како Македонци, односно прави разлика меѓу Македонците и Бугарите, особено нагласувајќи ја разликата меѓу македонските и бугарските револуционери и комитски банди, како што тој ги нарекува четите комитски.
Потоа, детално го објаснува уфрлувањето на бугарскиот штотуку пензиониран потполковник Јанков, по потекло од Егејскиот дел на Македонија, неговата задача да шири бугарска пропаганда, како и борбите меѓу македонските комити и бугарската банда на бугарскиот офицер Јанков.
Понатака, француското воено аташе, прецизно и недвосмислено ја опишува разликата на агитацијата на револуционерните комитети во Софија, едниот македонски, на Сарафов, кој што се борел за Незавсина Македонија, и другиот бугарски, на Михајловски, кој што агитирал, се борел и делувал Македонија да влезе во состав на Бугарија. Во текстот прецизно е наведено „Македонецот Борис Сарафов“. Точно и прецизно е дека бугарскиот комитет на Михајловски инсистирал отпочнување на востанието по секоја цена и дека Македонците комити под команда на Сарафов решиле да не учествуваат во бугарските интриги на бугарскиот комитет на Михајловски.
Морам да нагласам дека француското воено аташе ги нагласува и борбите меѓу бугарските комити под команда на бугарскиот потполковник Јанков и чисто македонските комити, кои што, според француското воено аташе, сакале да се ослободат од бугарофилот-антимакедонец Јанков. Исто така имало борби и меѓу комитите на Кота, блиски до фанариотите и бугарите на Јанков.
Текстот е во ракопис на француското воено аташе.
May be an image of ticket stubNo photo description available.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа