МЕМОРАНДУМ ДО ГОЛЕМИТЕ СИЛИ ОД 1902г.: МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ НИТУ ОД СРПСКА НИТУ ОД БУГАРСКА НАРОДНОСТ; БАРААТ АВТОНОМИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, КОЈА Е ПОСЕБНА ЗЕМЈА!

МЕМОРАНДУМ ДО ГОЛЕМИТЕ СИЛИ ОД 1902г.: МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ НИТУ ОД СРПСКА НИТУ ОД БУГАРСКА НАРОДНОСТ; БАРААТ АВТОНОМИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, КОЈА Е ПОСЕБНА ЗЕМЈА!
Големосрпскиот весник „Македонија („Маћедонија”) пренел вест во септември 1902 година дека уредниците на весникот „Балкански Гласник” подготвиле таен меморандум до големите сили – потписнички на Берлинскиот договор, во кој бараат автономија за Македонија.
Според весникот, Македонците во меморандумот декларираат дека не се ни од српска ни од бугарска народност, туку дека се засебен народ.
Понатаму, тие тврдат дека Македонија е посебна земја која ниту етнографски или географски и припаѓа на Србија, како што тврдела тогашната српска власт, и следствено бараат воспоставување на автономна Македонија.
– „Уредниците на ‘Балкански Гласник’ тајно подготвиле еден меморандум во име на Македонците, дека Македонија е посебна земја, што ни етнографски ни географски не ѝ припаѓа на Србија и дека Македонците не се ни од српската ни од бугарската народност, па, според тоа, и Македонците што живеат во Србија, во согласност со оние што живеат во Бугарија, бараат автономија на Македонија!”
Весникот „Балкански гласник” бил гласило на Македонскиот клуб во Белград, основан во јули 1902 година, преку кој Македонците во Србија и нивните сојузници се залагале за воспоставување на автономна Македонија според националното мото „Македонија на Маккедонците” и за воведување на македонскиот како литературен јазик.
Заради своите јасно искажани македонски национални ставови, „Балкански гласник” бил напаѓан од, како што соопштиле неговите урденици во една статија – „белградски и софиски шовинистички весници”. Еден од тие весници бил „Маћедонија”.
Важно е да се потенцира дека тајниот меморандум за автономија на Македонија е донесен со согласност на Македонците без разлика дали тие живееле во Србија, Бугарија, или пак на други места.
По само месец и пол постоење, српската власт го забранила „Балкански гласник”.
ИЗВОР: “Маћедонија”, бр. 38, Београд, Недеља 22 септембра, 1902 год., стр. 1.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа