КЛЕОПАТРА Е ПОСЛЕДНАТА МАКЕДОНСКА ВЛАДЕТЕЛКА ОД ДИНАСТИЈАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ! НЕЈЗИНИОТ ТАТКО ПТОЛОМЕЈ Е МАКЕДОНЕЦ А МАЈКАТА ДОМОРОДНА ЕГИПЈАНКА

КЛЕОПАТРА Е ПОСЛЕДНАТА МАКЕДОНСКА ВЛАДЕТЕЛКА ОД ДИНАСТИЈАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ! НЕЈЗИНИОТ ТАТКО ПТОЛОМЕЈ Е МАКЕДОНЕЦ А МАЈКАТА ДОМОРОДНА ЕГИПЈАНКА

 

Родена во Александрија, во Птоломејски Египет, 69-та година п.н.е., Клеопатра Седма била последната македонска владетелка од династијата на Птоломеј Први – генерал на Александар Македонски. Но, во новата, демек „документарна“ ТВ-серија на Нетфликс, славната македонска кралица на Египет овојпат ја глуми Адел Џејмс, која е со африканско црнечко потекло.

 

Тоа, велат, е очигледен фалсификат на историјата.
Афроамериканците, т.e. црнците во САД, се чини, тргнаа по патот на Грците и Бугарите кои сакаат да присвојуваат и крадат туѓи историски личности. Но, со ова само покажуваат слабост и истакнуваат дека тоа што немаат свои великани во антиката, им причинува фрустрација и комплекс.
Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“. А, и еден од најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“.

 

Глумицата Адел Џејмс на Твитер кусо и арогантно им одговори: „Ако не ви се допаѓа поделбата на улогите, не гледајте“.
Некои велат и дека Клеопатра наводно била „Гркинка“. И тоа е лага. Нема никакви показатели за тоа.
Клеопатра Седма е Македонка, родена во 69 г. п.н.е., и била последната кралица од македонската династија на Птоломеј Први, Македонец и генерал на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. г. п.н.е. до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Припадниците на Птоломејската династија, говореле повеќе јазици, меѓу коишто и древно-македонски, старо-грчки, но и старо-сириски, медски, партски (персиски), арабјански, етиопски јазик, според Плутарх. Тој вели и дека самата Клеопатра говорела најмалку девет јазици, а била и меѓу ретките владетели од династијата кои научиле и древно-египетски.

 

 

Етничкото потекло на мајката на Клеопатра е непознат, а некои историчари велат дека е можно таа да била домородна Египќанка, или од друг дел на Африка.
Продуцентите на она што требаше да биде „документарец,“ велат дека ТВ-серијата е „одраз на вековната дебата за расата на Клеопатра“.
И Џејда Пинкет-Смит, американската глумица која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: – Не гледаме, ниту слушаме често приказни за „црните кралици“, и мене и на мојата ќерка, и на нашата заедница ни е многу важно овие приказни да бидат познати.
Сите овие изјави се осудени во Египет. Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица и лага.
– Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црнечко, изјави тој.
Махмуд ал Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ и да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет. Нетфликс е обвинет и за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет.
Пред повеќе години, Афроамериканците се обидоа да си го присвојат и римскиот император Септимиј Север како некаков „црнец“. И тој фалсификат на историјата, како и секоја слична лага – пропадна.
Преземено од „МИА“, „Нова Македонија“, „Канал 5“, „Република“, „Факултети“ и други медиуми од Македонија.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа