ТЕЖОК ГОВОР НА ОМРАЗА кон Црквата и сите христијани!
Во вчерашната емисија Топ Тема на TV Telma беше употребен тежок говор на омраза кон Црквата и сите христијани, прикажувајќи крајно недолични содржини покрај ликот на црковен Великодостојник!
Почитувани,
не е битно дали тој Великодостојник е Петар, Партениј, Тимотеј, Агатангел, Наум, Климент… тој е претставник на Црквата и на сите христијани и навредите кон него се дирекна навреда кон сите нас!
Некој може да го почитува или не Владиката Петар, тој може да биде вака или онака оценуван, лично и јас имам забелешки на дел од неговите изјави и поведение, но нивото на кое вчера беше водена емисијата и содржините кои беа прикажани, се далеку под секоја професионална етика, стандард, и она кое го очекуваме од така реномирана и почитувана TV Telma и новинар како Snezana Lupevska Sozen!
Секогаш сум се залагал и ќе се залагам за полна слобода на работата на новинарите! Лично сум бил клеветен и обвинуван стотици пати од новинари и медиуми, но никогаш не сум тужел ниту еден од нив, ниту сум побарал да се извинат! Сметам дека политичарите треба да имаме повисока толеранција кон слободата на говор на новинарите и да трпиме поголема критика од вообичаеното!
Но ова што имав прилика да го видам во емисијата, особено обидот за понижување на Црквата и христијаните на јавна сцена е ништо друго, туку целосно неприфатливо поведение и ширење на говор на омраза, за што БАРАМ извинување од уредниците на Топ Тема, TV Telma како медиум и Snezana Lupevska Sozen како водител на емисијата!
Легитимно е секое прашање, но легитимен е и секој одговор! Ако на новинарот не му се допаѓа одговорот, нека остави на јавноста да носи заклучоци! Односот кон старец од осма деценија, е без преседан и зборува за друга димензија на “еманципираноста” од 21ви век!
Чудно е како има прашање за “финансирање на телевизијата на владиката”, а нема прашање за финансирање на изградбата на 10.000 џамии во земјава?!?
Дали тоа не е од јавен интерес?!?
Да, според мене треба и Владиката Петар да има одговор на тоа прашање, но секако и Снежана треба да праша за џамиите! Без релативизирање! Транспарентност пред се! Еве прекрасна идеја за една емисја КОД со Снежана Лупевска, КОЈ И КАКО финансира изградба на 10.000 џамии во Македонија?!? Од каде доаѓаат тие пари и дали се дел од терористички организации, од листата на САД и меѓународната заедница?!? Особено, дали истите тие организации од Блиски Исток финансираат одредени НВО во земјава и “новинари” / портали?!?
Клучно во вчерашната емисија не беше влијанието на СПЦ и случувањата со Зоран Вранишковски, Тимосот од Вселенската Патријаршија и името на МПЦ ОА, декларациите на руски структури во земјава за бугарски интереси… туку обид за понижување на лична основа (Ad hominem) што мене ме запрепасти и разочара!
Останувам да се борам на страната на новинарите, вклучително и Телма и нејзината екипа, но очекувам извинување, преку кое барем за малку ќе го подобрат впечатокот од вчерашната емисија и нема да остане забелешката дека се работи за пресметка на лична основа!
Петар Богоевски
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?