Францускиот весник „Ле Монд дипломатик“ уште во 2008 Коридорот 8 го означи како „Автопат на Голема Албанија“, кој „го оживува сонот за обединување на териториите, на кои живеат Албанците.“

Министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши го нарече градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски „политичар од минатото“откако овој го поврза Коридорот 8 со Илирида. На општествените мрежи Бектеши напиша: Кога на ”политичар” му заостанува часовникот во 90-тите и пред тоа вели: „Коридорот 8 поврзува траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида? Никој од носителите на политички функции не го отвори ова прашање, за да се расправа за него.“

Но, Бектеши со ништо конкретно не се произнесе со сериозните сомнежи, кои ги искажа не само Димитриевски, туку кои постојат и растат кај голем дел од општествената јавност во Македонија дека Македонија како држава со буџет од 1 милијарда и 300 милиони евра ќе го финансира и навистина великоалбанскиот сон за „обединување на сите автохтони етнички простори“ во една голема држава – „Велика Албанија“, или „Етничка Албанија“.

На 22 јули 2009 година Дојче веле ја пренесе аналитичката статија на францускиот месечник „Ле Монд дипломатик“, кој Коридорот 8 го означи како „Автопат на Голема Албанија“, кој „го оживува сонот за обединување на териториите, на кои живеат Албанците.“

Исто така, и во изборната кампања за парламентарните избори во 2016 година од ДУИ беше порачувано: „Инфраструктурното поврзување со Косово и Албанија, односно системот на автопати во кичевската и струшката зона, кој ќе ги поврзе Косово, Западна Македонија и Албанија, останува приоритет на ДУИ. Трасата Гостивар – Кичево со тунелот на превојот Стража е дел од Коридорот 8. – Автопатот Кичево – Струга се надоврзува на приоритетите на ДУИ, меѓу кои е и поврзувањето на сите територии населени со Албанци, внатре и надвор од границите на Македонија.“

Во својата анализа од март годинава весникот „Нова Македонија“ објави дека „се исцртуваат контури на еден голем етнички и територијален ентитет“, кој ги опфаќа западниот дел на Македонија, Косово, Прешевската долина, Албанија и делови од Црна Гора.

Тогаш Артан Груби, како сегашен најсилен застапник на изградбата на коридорите, најотворено кажа дека „меѓу Македонија, Косово и Албанија не треба да постои државна граница“. Во интервју за една косовска телевизија Груби имаше речено: „Со премиерот на Косово Албин Курти и со Косово нè разделува во овој момент границата меѓу нас, која се стремиме да исчезне. Веќе сме разговарале со Курти најпрвин да ја обединиме границата, а потоа да ја отстраниме целосно, бидејќи не ни треба граница меѓу нас, бидејќи не ни треба ниту граница со Еди Рама. Сакаме да имаме многу почести контакти и разговори. Косово нас нè гледа како помал брат, кој стои до него и до народот на Косово. Косово е дел од нас. Ние сме еден ист народ.“

Коцкиците во „великоалбанскиот мозаик“ како да почнаа забрзано да се составуваат. Ставањето мораториум на договорот со „Бехтел и Енка“ и целата негова ревизија мора да биде најголем приоритет на сите политички партии, не само заради преиспитување на мегаломанската сума, планирана да се потроши и заради проверка на сите сомнежи за криминал и корупција, туку и со цел да се превенираат сите етничко-територијални замисли, кои можеби одат во пакет со овој договор.

Предходно во јавноста излезе слично тврдење на човекот што го бранеше Заев во Собранието

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа